Телефонски разговор Мицотакис – Мелони

Од:

Можностите за зајакнување на соработката и координацијата во областите од заеднички интерес, како што се енергетската криза и миграцијата, биле во фокусот на телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со премиерката на Италија Џорџа Мелони, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ѝ честитал на Мелони за преземањето на функцијата, а во разговорот направиле краток осврт на билатералните односи и ги нагласиле можностите за зајакнување на соработката.

-Притоа ги нагласија можностите за зајакнување на соработката и координацијата во областите од заеднички интерес, како што се енергетската криза и миграцијата, како и заедничките предизвици со кои се соочуваат Грција и Италија како медитерански земји, информираа од кабинетот на грчкиот премиер.

Паралелно, Мицотакис и Мелони се договориле да се сретнат што е можно поскоро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски