Телефонски разговор Блинкен – Јанша

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Словенија Јанез Јанша, при што тој се заблагoдарил на Словенија за јасно укажаната поддршка за суверенитетот и триторијалниот интегритет на Украина.

Државниот секретар ја истакнал потребата од силна одбранбена асистенција во одговор на бруталната војна на Русија, изјави портпаролот Нед Прајс.

-Тој ги осуди страшните злосторства извршени од руските сили во својата непровоцирана и неоправдана војна против Украина, и ја истакна потребата да се бара одговорност од Москва.

Блинкен и премиерот Јанша дискутирале и за словенечката кандидатура за членство во Советот за безбедност на ОН во 2024-2025 година.

-Секретарот го повтори убедувањето на САД дека Словенија е мошне добро квалификуван кандидат кој, ако биде избран, ќе биде кредибилен глас за учество во одржување на меѓународниот мир и безбедноста, истакна Прајс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Османи-Блинкен: Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина

Премиерот Ковачевски го пречека државниот секретар на САД, Блинкен

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов