Едмунд Червенко, таткото на починатата Владислава Червенко, за својот несуден зет Дарјан Мушиќ, кој ја уби неговата ќерка, вели дека е Менгеле, а за него Хитлер бил мало бебе.
Во случај Дарјан да дојдеше на погребот, никогаш немаше да замине од гробиштата, пишува српски Ало.
„Ја тепал до смрт, и го скршил градниот кош, рацете, нозете… Кога ја видовме на судска медицина и самиот доктор се чудеше на повредите. Тој ја истетовирал пред да ја убие. Скотот го истетовирал неговиот датум на раѓање од рамото до малиот прст“, вели Едмунд.
Скршен од болка и тага, таткото вели дека Дарјан би требало да го остават во затворска ќелија да умре, а не да го носат во болница. Тој не може да верува дека некој е способен да направи такво злодело, па подоцна психички да се растрои.