Таткото на малолетниот убиец од Врачар останува во притвор

Од:

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на В.К., таткото на малолетниот К.К. кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Таткото е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се сомничи дека го научил синот како да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Притворот е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот, а се наведува како причина и начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело, што доведоа до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непреченото и правично постапување на кривична постапка.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Врачар: 60 ученици се отпишаа од „Рибникар“, никој не сака да биде директор на ова училиште

Горан Наумовски

Мајката на убиецот од Врачар има барање за својот син

Семејствата на убиените деца од „Рибникар“ го тужат училиштето

27 тужители поднесоа тужба против семејството на момчето-убиец од Врачар

Невидени безбедносни мерки: Убиецот од Врачар е најчуваната личност во Србија

Малолетниот убиец од Врачар за жртвите вели: „Тоа беше грешка“

Горан Наумовски