ВИДЕО: Тадиќ се ракуваше со Тачи

Од:

Во дел од српските медиуми негативно одекна средбата и ракувањето на Борис Тадиќ со косовскиот премиер Хашим Тачи на Кроација самитот во Дубровник.

Токму Тадиќ присуствува на самитот како претседател на ДС, додека Србија не испрати официјален претставник поради тоа што беше поканет и присуствува Хашим Тачи.

Тадиќ рече дека ракувањето со Тачи нема историско значење, но дека е добро со оглед дека двата народа имаат заеднички проблем кој треба да се реши.

Доколку не се реши проблемот, според него, на младите генерации во иднина ќе им донесе многу страдања.

Тадиќ рече дека обврска на политичарите е да ги решаваат проблемите а не да се грижат дали некој некаде и со некого ги видел.

Сепак кај дел од медиумите и јавноста, ракувањето и како што се тврди средбата со Тачи е дочекана со критики и негативни коментари.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари