Тачи: Забавувањето на ЕУ интеграциите е закана за безбедноста за регионот

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека е време за поинаков квалитет на дијалогот со Белград, оценувајќи дека ЕУ треба да ја задржи централната улога во тој дијалог, но и истакна дека забавувањето на процесот на приближување на Западен Балкан кон ЕУ претставува безбедносна закана.

„Сфаќаме дека ЕУ е заморена од проширувањето. Но заложбата на земјите од Западен Балкан за придружување кон ЕУ не треба да трпи поради овој замор. Доцнењето на ЕУ да го приближи регионот на Западен Балкан претставува закана за безбедноста. Вакуумот што ЕУ го остава брзаат да го заземат други идеологии, националистички и религиозни“ рече Тачи во текот на средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Според Тачи, дијалогот мора да се претвори во процес на помирување, а во него Европската Унија треба да ја задржи централната улога.

„Имаме добри односи со соседните држави, со Србија сме ангажирани во процесот на дијалогот. Време е за поинаков квалитет на дијалогот и тој мора да се претвори во процес на помирување, пријателство и добрососедска соработка меѓу Косово и Србија, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски