Тачи: За косовската војска ќе се изјасни новиот состав на Парламентот

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска најави дека Собранието на Косово ќе биде распуштено и дека гласањето по предлозите за формирање на Вооружените сили на Косово и за загарантираните места за малцинствата ќе остане за новиот собраниски состав.

– Парламент што не може да формира своја војска нема потреба ни да постои, рече Тачи на прес-конференцијата по средбата со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Приштина.

Тој изјави дека за формирање на Војската на Косово не се гласало заради „изборната грозница на неколку партии“.

Тачи најави дека денеска ќе се сретне со претседателката на Косово Атифете Јахјага и тогаш ќе се одлучи за вонредните избори.

– Го предложив 8. јуни како датум за оддржување на изборите и ние и натаму сме во рамки на роковите предвидени со Уставот на Косово, рече Тачи.

Актуелното Собрание на Косово денеска расправа за претходно предвидените точки од дневниот ред, а попладнево се очекува на дневен ред да се најде и можното распуштање на косовскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска