Тачи: Тврдоглавоста на Курти го носи Косово во изолација и ги расипува односите со САД

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи го нарече премиерот Албин Курти тврдоглав и го обвини дека со своите дејствија го води Косово во изолација и ги расипува односите со Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својата страница на Фејсбук порача дека упорното одбивање на Курти да ја укине таксата од 100 отсто им нанесува штети на стратешките интереси на земјата.

– Тврдоглавоста, недостигот на паметни дејствија и одлуки, ја продлабочи изолацијата на Косово и значително ги расипува нашите специјални односи со САД. Останувањето во сила на таксата е сериозна пречка и ги оневозможува стратешката соработка и новите силни американски инвестиции во Косово, Затоа, потребата од итно донесување на потребните одлуки беше главното барање и порака на средбата со државниот секретар (Мајк) Помпео и советникот за национална безбедност (Роберт Ц.) О‘Брајан, напиша Тачи, кој деновиве престојуваше во официјална посета на Вашингтон.

Претседателот на државата го повика политичкиот спектар во државата да ги донесе „потребните стратешки одлуки“ и со тоа да стават крај на изолацијата.

– И мое јасно барање како претседател, упатено до владата, до политичкиот спектар и пред сé до граѓаните на Косово е неодложно да се донесат потребните стратешки одлуки, кои ѝ ставаат крај на изолацијата, ги отвораат можностите за дијалог за постигнување конечен договор и ги јакнат постојаното пријателство и стратешката соработка со САД, напиша Тачи, заклучувајќи дека тоа е „единствениот пат за постигнување на државните и стратешките интереси“ на Косово.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он