Тачи телефонски разговарал со Столтенберг за формирање косовска војска

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кого, како што вели, го информирал за процесот на трансформација на Заштитните сили (ФСК) во војска на Косово.

Според објавата на Тачи на Фејсбук, тој и Столтенберг разговарале за потребните чекори во правец на формирањето на косовска, мултиетничка и професионална војска.

– Денеска имав телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Разговаравме за неопходноста од придвижување напред во финализирањето на процесот на трансформацијата на Заштитните сили на Косово, во вооружена мултиетничка и професионална сила. Војската на Косово ќе ја создадеме со постојана координација со нашите сојузници, напиша Тачи.

Сојузниците на Косово, меѓу кои и НАТО, Соединетите Американски Држави и повеќето членки на Европската унија бараат евентуалната трансформација на ФСК во војска да се направи преку уставни измени. Меѓутоа, со оглед дека за промена на Уставот се потребни и гласовите на пратениците Срби, а тие се категорично против формирање војска, албанските челници во Косово најавуваат дека ќе најдат начин трансформацијата да ја извршат етапно со законски интервенции.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Решението за Косово е комбинација на Дејтонскиот и договорот од Вашингтон

Ана Ололовска

Познат криминалец убиен во Призрен откако пукал врз полицијата

А1он

По подолго време, ниту еден починат од Ковид-19 во Косово за 24 часа

А1он

(ВИДЕО) Гренел: Договорот што го потпишаа Србија и Косово ќе отвори нови работни места во регионот

Горјан Грнчаровски

Самоопределување побара од Хоти извештај пред Парламентот за стоте дена на Владата

А1он

Хоти потпиша договор со ДФЦ

Ана Ололовска