Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека Србите од Косово се најголеми добитници од договорот кој што го потпиша со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ во Брисел.
-Најголеми добитници се Србите на Косово, бидејќи пронајдовме решение кое создава услови за подобар, посигурен и побогат живот за нив, создавајќи нови работни места-истакна тој.
Тачи оцени дека бриселскиот договор е историски за албанскиот и српскиот народ.
-Станува збор за нова реалност. Гледавме кон иднината, за да ги решиме проблемите и судирите-изјави тој и наведе дека со договорот добија Косово, Србија, регионот, ЕУ, САД и НАТО, но и сите кои што инвестираат во регионот.
Запрашан дали Белград со парафирање на договорот ја призна независноста на Косово, Тачи нагласи дека Белград е свесен дека Косово е независна и суверена држава.
Елена Георгиевска