Тачи слетал во Тирана, в недела ќе се обрати на јавноста

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи објави дека денеска околу 13 часот слетал на аеродромот во Тирана и дека в недела ќе се обрати на јавноста во врвска со информацијата дека во Специјалниот суд за Косово е покренато обвининие за воени злосторства против него и против лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен претседател на Собранието, Кадри Весели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на фејсбук, Тачи најави дека јавното обраќање в недела, на 28 јуни, ќе го одржи од својот кабинет во Приштина.

– Штотуку слетав на аеродромот „Мајка Тереза“ вo Тирана, а в недела вечер ќе ви се обратам со изјава од мојата канцеларија. Ви посакувам мирен викенд и останувам во длабока надеж дека не очекуваат подобри денови за Косово и за албанската нација, напиша Тачи.

Косовскиот претседател завчера тргна на пат за Вашингтон, каде што заедно со премиерот Авдулах Хоти утре, 27 јуни, требаше да се сретне во Белата Куќа со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, меѓутоа по објавувањето на веста за обвинението го прекина патувањето. По ова и Хоти го откажа учеството на средбата, која ја организира специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот меѓу Приштина и Белград, амбасадорот Ричард Гренел.

Во вторникот беше објавено дека Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг, покренало обвиненија против основачите и водачите на ОВК, Тачи и Весели, како и против други лица, за голем број злосторства против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства на цивили Албанци, Срби, Роми и други.

Обвинителството од Хаг објави соопштение во кое се наведува дека на Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, на 24 април му е доставено споменатото обвинение, а дека истото треба да го потврди судија во претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Косово: 609 новозаразени и 13 починати од Ковид-19

Жарко Настоски

Мустафа: На Косово му треба претседател, не вонредни избори

Жарко Настоски

Косовските амбасади од 2021 година ќе имаат и аташеа за култура

Ана Ололовска

Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг

Ана Ололовска

Во Косово десет починати, 707 заболени и 550 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа

Катерина Павлова-Николовска

Косово нема да дозволи посета на Вучиќ