Тачи се согласи на измени на законот поради бриселскиот договор

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи се согласи на измени на законот, поради бриселскиот договор, пишува денес приштинскиот весник „Коха Диторе“, тврдејќи дека има копија од планот за имплементација на договорот, кој го парафираа Тачи, Ивица Дачиќ и Кетрин Ештон.

Весникот наведе дека Тачи се согласил да ги амнестира Србите кои работат во паралелните структури и дека на нив ќе им препушти да ја формираат Заедницата на српските општини.

Од копијата на планот, според нив се гледа дека постојат повеќе главни елементи во имплементацијата, а тоа се правосудството, заедницата, полицијата и локалните избори.

Белград и Приштина да крајот на мај ќе формираат „водечки тим“, кој ќе работи на создавање заедница, под услови кои ги дефинира комисијата за имплементација, вклучувајќи го и нацрт статус.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска