Тачи: Поради мала штета на Србија, ги нарушивме односите со САД

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека никогаш досега не ни помислувал дека Приштина ќе се најде во позиција да ги доведе во прашање своите односи со САД.

Во изјава за албанската државна телевизија, Тачи нагласи дека не верува оти некој од косовките лидери „се чувствува добро“ затоа што на Србија и е нанесена штета од само неколку милиони евра, а за возврат Косово „доби шлаканица до САД“.

„ Верувам дека во следните денови и недели ќе најдеме некакво креативно решение. Никаква штета нанесена на Србија не ја оправдува штетата во односите (на Косово) со САД“, изјави косовскиот претседател.

Тачи истакна дека Приштина не треба да биде таа која ќе биде посочена како страната што го блокира дијалогот со Белград.

Српските власти одбиваат да се вратат на преговарачката маса со Косово се додека се во сила тарифите за увоз на стоки од Србија, што ги воведе косовската Влада.

Американската амбасада во Приштина вечера информира дека Вашингтон испратил писмо до Тачи, до косовскиот премиер Рамуш Харадинај и до претседателот на Собранието, Кадри Весели, во кое бара суспендирање на таксите, инаку во спротивно најавува воведување „нови санкции“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност