Тачи: Подготвен сум да разговарам со Николиќ и Дачиќ

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека е подготвен да разговара со новиот претседател на Србија Томислав Николиќ и мандатарот на владата Ивица Дачиќ, и најави дека наскоро ќе излезе со „нова понуда“ за решавање на прашањето на северно Косово.

Иако во интервју за виенскиот весник „Пресе“, изборот на Николиќ и Дачиќ го оцени како „чекор назад, бидејќи досега нивните имиња беа поврзувани со лоши работи“, Тачи сепак додаде  дека и Приштина ќе соработува со нив, кога тоа го прваат САД и ЕУ.

„Мораме да работиме на подобрата иднина на нашите две земји. Ако Брисел и Вашингтон соработуваат со нив, тоа ќе го сториме и ние“, нагласи Тачи.

Запрашан дали е подготвен да се сретне со Николиќ и Дачиќ, тој изјави дека е „комуникативен човек, кој сака да разговара со луѓето“.

-Нашата иднина треба да биде одбележена со соработка и околу тоа е можна средба, без разлика дали со премиерот или претседателот, рече Тачи, но и додаде дека секогаш мора да станува збор за средба на претставници на две суверени држави.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари