Тачи отпатува за Јапонија на средба со царот и премиерот

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи отпатува денеска за Јапонија, каде што ќе биде примен од царот Нарухито и премиерот Шинѕо Абе, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со оваа посета, како што напиша Тачи на својата страница на Фејсбук, се одбележува десеттата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Јапонија.

– На пат за Јапонија, каде што ќе бидам примен од Неговото височество, Царот на Јапонија и од премиерот Шинѕо Абе. Оваа посета ја одбележува 10-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две држави. Јапонија останува значаен партнер и поддржувач на Косово на сите полиња, напиша Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски