Тачи: Одлуката на Меѓународниот суд за правда – најголема меѓународна победа на Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по повод деветтата годишнина од пресудата на Меѓународнит суд за правда (МСП) дека независноста на Косово е легитимна и правична, оцени дека таа одлука е најголемата меѓународна победа на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека одлуката на МСП „го трасира патот на Косово за зачленување во НАТО, Европската унија и Обединетите нации“.

– Се навршија девет години од одлуката на Меѓународнит суд за правда, со која се потврди нашето право за прогласување независност на Косово. Тоа беше најголемата меѓународна победа на Република Косово, која го отвори патот на јакнењето на меѓународниот субјективитет и засекогаш го запечати нашето право на самоопределување. Таа одлука го трасира патот на Косово за зачленување во НАТО, Европската унија и Обединетите нации, напиша Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски