Тачи објави видео за кое тврди дека го докажува бизнисот со дрога на „Курти и неговата група“

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на својата страница на Фејсбук видео-клип, за кој тврди дека ги докажува криминалните дејствија на, според него, „групата“ на премиерот во оставка Албин Курти и „политичкото семејство на министерката за правда“ Албулена Хаџиу во бизнисот со дрога, јави дописникот на МИА од Приштина.

На овој начин Тачи ги продолжи обвинувањата на сметка на Курти, Хаџиу, вицепремиерот Хаки Абази и вршителот на должноста министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља, кои синоќа во интервју на ТВ Дукаќини ги нарече „криминална група“.

Видеото, кое е со лого на порталот „Инсајдери.орг“ и трае 25 секунди, прикажува скриени одаи во објект во Приштина, каде што се наоѓаат простории во кои, во посебни услови, се одгледува марихуана, а има и лабораторија за производство на дрога.

Според косовскиот претседател, „групата“, преку министерот Свечља, неодамна неуспешно се обидела да ги уништи доказите. Тој порача дека е време Курти и неговите соработници „да се соочат со правдата“.

– Овие снимки докажуваат една од инкриминациите на Групата Курти и политичкото семејство на министерката за правда. Тоа се снимки од една лабораторија за дрога во Приштина, кои со другиот член на оваа криминална група, Џељаљ Свечља, пред неколку дена се обидоа да ги уништат како инкриминирачки факти од депото за конфискувани и запленети работи. Време е да се соочат со правдата, напиша Тачи.

Тој синоќа ги обвини Курти, Абази и Свечља дека три дена едноподруго незаконски престојувале во одајата за прислушување во Поштата и телекомот на Косово (ПТК), за што од јавното обвинителство денеска изјавија дека ќе покренат постапка за утврдување на виситинитоста на наводите.

Курти ги нарече „лага“ тврдењата на Тачи за наводната посета на ПТК, додека Хаџиу најави кривична пријава за клевета во врска со наводите дека членови на нејзиното семејство се бавеле со недозволена трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он