Тачи: Не ми е целта Голема Албанија

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи негираше дека цел му е Голема Албанија и додаде дека имплементацијата на бриселскиот договорот нема алтернатива.

-Не постои алтернатива за имплементација на договорот, бидејќи во спротивно нема европската иднина, како за Србија, така и за Косово. Договорот од 19-ти април не е крај, туку е почеток на долг процес-изјави тој.

Исто така наведе дека и покрај тоа што постојат лица во Белград, но и во Приштина кои се противат на договорот, сепак тој е оптимист.

Зборувајќи за текот на примената на договорот, косовскиот премиер изрази задоволство, што затворањето на српските полициски станици поминува без проблеми.

Што се однесува до состаноците со српскиот премиер, Ивица Дачиќ, тој додаде дека тие средби служат за мир, стабилност и добрососедски односи.

-Не станува збор за лични односи или емоции. Ние како премиери ги претставуваме нашите држави и постигнавме договор за нормализација на односите, по стогодишниот конфликт. Поради тоа изградивме партнерство и односот е повеќе од пријатен-изјави Тачи.

Договорот според него е од корист за Србија, Косово, но и за целиот регион.

Запрашан за изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша, кој зборуваше за Голема Албанија, Тачи нагласи дека тој веројатно е лошо сфатен во меѓународната заедница.

-Се работи за тоа што живееме во регион без граници, но границите на секоја држава во која живеат Албанци мора да се почитуваат. Како држави мора да пристапиме кон ЕУ и тогаш сите Албанци ќе бидат обединети во Европа. Не станува збор за создавање етнички хомогени држави-нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска