Тачи му се заблагодари на Трамп за договорот за авиолинија Приштина – Белград

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи му се заблагодари на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за неговото лидерство и улогата во потпишувањето на писмото за намери за отворање на авиолинија меѓу Приштина и Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пренесувајќи ја објавата на Трамп за значењето на вчерашната спогодба за отворање авиолинија меѓу главните градови на Косово и Србија, Тачи на својата страница на Твитер ја оцени улогата на Трамп во обезбедувањето на мир и стабилност како „незаменлива“.

Американскиот претседател на својот Твитер вчерашниот договор, кој беше потпишан во Амбасадата на САД во Берлин, го оцени како историски и како уште една дипломатска победа, во време кога „сите велеа дека не може да се постигне“.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он