Тачи: Косово ќе учествува на најголемиот светски економски саем „Осака Експо 2025“

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи во текот на првиот ден на неговата официјална посета на Јапонија оствари средби со претставници на стопанските комори и пратеници во јапонскиот Парламент од регионот на Осака, при што е договорено Косово да има свој штанд на најголемиот светски економски саем „Осака Експо“ во 2025 година.

Според соопштението од неговиот кабинет, Тачи на средбите нагласи дека „сега е време да се реализираат конкретни примери на јапонски инвестиции во Косово“ и дека „амбиентот за развивање бизнис во Република Косово е најконкурентен во регионот“.

– Ние сме 40-та земја на ранг-листата на Светска банка за развивање бизнис. Косово лесно може да се претвори во центар на јапонските бизниси и инвестиции кои тежнеат кон европскиот пазар, бидејќи имаме непречен пристап до најголемиот светски пазар, оној на Европската унија, изјави Тачи, најавувајќи скорешно именување на почесен конзул на Косово во Осака.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата за учеството на Косово на „Осака Експо 2025“, преку својата страница на Фејсбук, ја потврди и самиот косовски претседател.

– Економската соработка меѓу нашите две земји ќе го забрза економскиот развој на Косово, со конкретни инвестиции и можности за извоз на нашите производи. На овие средби се потврди и успехот на учеството на Косово на најголемиот економски саем на светот – „Осака Експо 2025“, напиша Тачи.

За време на престојот во Јапонија, кој го реализира по повод 10-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, според најавите, косовскиот претседател ќе биде примен од јапонскиот цар Нарухито и од премиерот Шинѕо Абе.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски