Тачи ќе се сретне со политичките лидери од Прешевската Долина

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ќе се сретне денеска со лидерите на албанските политички субјекти од Прешевската Долина, односно од Прешево, Медвеѓа и Бујановац, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави кабинетот на Тачи, кој информира дека по средбата ќе следи конференција за медиуми.

Косовскиот претседател последните недели интензивно ја промовира идејата за „корекција на границата“ со Србија, односно за припојување на Першевската Долина кон Косово, на што остро се спротивставуваат опозициските и дел од владејачките партии на косовските Албанци, како и најголемиот дел од меѓународниот фактор.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски