Тачи: Ќе ги суспендираме таксите, но потребно е време

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека Приштина по ниту една цена нема да дозволи односите со САД да бидат нарушени и дека ќе постапи по барање на Вашингтон за суспензија на таксите за производи од Србија, но дека за тоа ќе треба „малку повеќе време“.

– Колку порано го затвориме тоа прашање, толку подобро, рече Тачи.

Во интервју за „Топ чанел“, Тачи наведе дека нема да дозволи Белград да го условува продолжувањето на дијалогот.

– Косово имаше право да донесе одлука за зголемување на таксите, но истовремено треба да водиме сметка за нашите односи со САД, рече Тачи.

Тој, по повод барањата на САД и под закана од санкции за Приштина да ги тргне таксите, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот, рече дека односите на ниту еден начин не можат да бидат компромитирани и дека нема цена која ќе го наруши партнерството на Косово со САД.

– САД помогнаа Косово да биде слободно и независно, секој нивен совет го испочитувавме, што и на нас и на нив ни донесе само добро. И овој совет, секако, ќе биде испочитуван, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Приштина прогласи за „персона нон грата“ двајца руски дипломати

А1он

Топ чанел: Министерката Грвала отворено побара сојуз меѓу Албанија и Косово против Србија

А1он

Стоев: Судирите во Косово ја покажаа нестабилната ситуација во регионот

А1он

Борел: Само дијалогот под медијаторство на ЕУ е решение за Србија и Косово

А1он

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг

ЦИК: На локалните избори во Косово излезноста е 42,85 отсто

А1он