Тачи ја одложи ратификацијата на договорот

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи побара од парламентот да ја одложи ратификацијата на бриселскиот договор за нормализација на односите со Белград, изјави за „Коха диторе“ заменикот на премиерот Хајредин Кучи.

Според неговите зборови причината за одложување е денешната посета на Тачи во Брисел, каде што со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ треба да ги реши спорните прашања околу телекомуникациите и енергетиката.

По одлуката за одложување на ратификацијата, Движењето за самоопределување соопшти дека се одлага и протестот кој требаше да се одржи по тој повод.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски