Тачи изрази жалење поради повикот на Харадинај од Специјалниот суд за воени злосторства

Од:

– Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека со жалење ја примил веста дека премиерот Рамуш Харадинај е повикан, во својство на осомничен, од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

По повод оставката на Харадинај од функцијата претседател на Владата на Косово поради поканата од Специјалниот суд во Хаг, Тачи на својот Фејсбук напиша дека, како претседател на државата, ќе дејствува согласно неговите уставни и законски надлежности.

Косовскиот претседател изрази уверување дека борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), чиј еден од командантите беше Харадинај, „не може да биде извалкана од никого“.

– Јас ја почитувам одлуката (на Харадинај) и како претседател на Република Косово ве уверувам дека ќе дејствувам врз основа на моите уставни и законски надлежности, за што граѓаните на Косово ќе бидат запознаени на време. Јас верувам во чистата борба на ОВК и верувам во високите морални вредности на борците за слобода. Ниту на вредностите на нашата слобода, ниту на борбата на ОВК никој не може да им наштети, порача Тачи.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата, откако доби покана од Специјалниот суд како осомничен за воени злосторства. Тој рече дека пред трибуналот сака да се појави како граѓанин, а не како премиер на Косово.

Ова е вторпат Харадинај да поднесе оставка од премиерската функција поради обвинение од меѓународен суд за воени злосторства. Претходно, во 2012 година, откако се повлече од функцијата за да одговара за обвиненијата од Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија, Харадинај беше правосилно ослободен од сите обвиненија.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он