Тачи: ЕУ треба да го докаже партнерството со Балканот

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека новото раководство на Европската унија треба да докаже дека е одржлив партнер на регионот Западен Балкан, кој, според него, се наоѓа на политичка и историска крстосница.

На годишната конференција за Западен Балкан во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел, Тачи нагласи дека јасната европска перспектива е клучна за гарантирање на долгорочниот мир и стабилност во регионот. Тој оцени дека новото раководство на Унијата мора да ја докаже визијата, храброста и лидерството, исполнувајќи ги ветувањата кон државите од Западен Балкан и докажувајќи дека се одржлив партнер на државите во ргеионот.

Според Тачи, одложувањето и доцнењето со проширувањето на ЕУ е всушност повик за нов хаос на Балканот.

– Стратегијата на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан креираше уверување дека Унијата и натаму дава одлучувачки поттик кон целите на Косово, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина во интеграцијата на ЕУ, но настаните кои следуваа нè демантираа сите нас.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа