Шефот на приштинскиот преговарачки тим, косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека договорот кој што е постигнат со делегацијата на Белград, гарантира сувернитет и територијален интегритет на Косово.
Договорот претставува признавање на Косово – изјави Тачи пред зградата на европската служба за надворешни работи во Брисел.
Тој истакна дека очекува државите кои што се уште не го признаа Косово, тоа да го направат што побргу и додаде дека се надева дека Косово наскоро ќе влезе во Обединетите нации.
Елена Георгиевска