Тачи: Договор со Србија може да се постигне наскоро, ако се пропушти можноста ќе биде платена висока цена

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи по враќањето од Соединетите Американски Држави, каде што престојуваше во неколкудневна официјална посета, изјави дека сега е најпогодниот момент за постигнување на договор меѓу Косово и Србија, со оглед на американската поддршка во тој правец.

Тачи ѝ се обрати на јавноста преку прес-конференција, откако не му беше исполенто барањето да им се обрати на пратениците во косовското Собание, со цел да ги информира за неговите средби и разговорите во Вашингтон.

– Во ова време планирав да бидам во собраниската сала, но во неможност да ви се обратам преку Собранието, дозволете ми да ви се обратам преку оваа прес-конференција, рече на почетокот косовскиот претседател.

Изнесувајќи ги впечатоците од средбите во Вашинтон, од каде што се врати вчера, Тачи изјави дека „на Косово му остана само уште еден чекор до целосното заокружување на меѓународното признавање, а тоа е зачленувањето во Обединетите нации“.

– Тоа воедно значи зачленување во сите меѓународни организации. Значи подобар живот за нашите граѓани, мир на Балканот, подосотинствен живот за сите, изјави косовскиот претседател.

Тој посочи дека дијалогот со Србија, кој трае речиси една деценија, започна со ветување за меѓусебно признавање на двете држави, за што се заблагодари на Европската унија за помошта што ја даде во неговиот досегашен тек.

Тачи изрази уверување дека конечниот договор меѓу двете земји, со посредство на Вашингтон, може да се постигне мошне наскоро и порача дека пропуштањето на оваа можност „подразбира дека ќе биде платена висока цена“.

– Доцнењето не е во наш интерес. Го имаме претседателот (на САД, Доналд) Трамп кој го зголеми интересот за Косово, го имаме амбасадорот (Ричард) Гренел кој го турка напред дијалогот и се залага за конечен договор. Ова е новиот моментум кој треб да се искористи. Губењето на овој моментум подразбира дека ќе биде платена висока цена, порача Тачи, нагласувајќи дека таа цена подразбира првенствено доцнење во економскиот развој.

Забележувајќи дека косовската независност „нема само пријатели, туку и противници“, тој ги повика политичките фактори во земјата за единство во процесот на дијалог со Белград.

– Во прашање е иднината на Косово, затоа не треба да имаме разлики. Сакаме Косово да биде во НАТО и тоа е обврска на сите нас. Јас секогаш сум бил подготвен да работам со сите, и тогаш кога сум бил во опозиција. И денес повикувам на единство и усогласување на нашите чекори. Ја имаме најдобрата можност сега, со целосната поддршка на претседателот Трамп и целосното внимание на амбасадорот Гренел, ја имаме можноста да го затвориме воениот конфликт и да отвориме ново поглавје на просперитетот, порача Тачи.

Тој изрази уверување дека меѓусебното признавање на Косово и Србија ќе се случи и нагласи дека секој договор на двете држави ќе биде заснован на Уставот на Косово.

За време на престојот во Вашингтон, Тачи во понеделникот се сретна и разговараше со претседателот на Србија Александар Вучиќ. На средбата присуствуваа и советникот за национална безбедност Роберт Ц. О‘Брајан и специјалниот пратеник на претседателот Трамп за дијалогот Приштина – Белград, амбасадорот Гренел.

Би можело да ве интересира

Српски адвокати ќе ја поднесат првата тужба за отштета од НАТО во име на болни од рак

Ана Ололовска

Хенкел поради Србија воведува ковид сензори

Ана Ололовска

Скандал во Србија: Познат професор по глума осомничен за силување

Катерина Павлова-Николовска

Хорор во Србија: Масакрираше цело семејство, потоа се самоуби

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Српски полицајци дочекани со боксови на „дива“ прослава на Стара нова година

Жарко Настоски

ВИДЕО: Српскиот епидемиолог Кон се разлути: Јас не сум ничиј подопашник!

Жарко Настоски