Тачи: Добра координација меѓу САД и ЕУ е клуч за договор со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи во Тирана изјави дека клучот за постигнување договор со реципрочно признавање меѓу Приштина и Белград го гледа во добра координација меѓу САД и ЕУ.

Тој, исто така, ја поздрави француско-германската иницијатива за изноѓање решение за косовско-српскиот проблем.

– Дијалогот треба да се одвива безусловно, треба да се одвива на рамноправна основа како меѓу две независни и суверени земји. Ја ценам француско-германската иницијатива и во исто време, јас сум крајно охрабрен со целосна поддршка од Соединетите Американски Држави. Затоа максимална координација на Европската унија и САД би можела да биде успешна во постигнување конечен договор за взаемно признавање, истакна Тачи.

Според него, косовската приказна е целосено успешна приказна на локален и меѓународен план, бидејќи земјата е призната од 116 земји и е членка во околу 200 меѓународни организации.

Тој не сакаше да ја коментира актуелната политичка ситуација во Албанија.

– Не сум тука за да давам оценка за внатрешните случувања во Албанија. Ја сакам Албанија, целата нација, ја сакаат стабилна, единствена, почит кон институциите, Уставот, законите, демократијата и плурализмот. Останува на самот народ да ги оценува случувањата, рече тој.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на поранешниот албански претседател и премиер и екслидер на албанските демократи, Сали Бериша, кој го нарече „српски аргат“, Тачи истакна дека во Албанија има изборна кампања, па затоа е неморално да се вклучува во вакви внатрешни дебати.

Косовскиот претседател денеска во Тирана на посебна свеченост на 39 истакнати личности во Албанија им го врачи високото државно признание на Косово, Орденот на слободата, за „значаен придонес што за Албанија и за Косово го дале во различни временски периоди“.

Би можело да ве интересира

Во тајност испитани 20 сведоци против Харадинај

Татјана Ташкова

Баша: Харадинај ја стави својата татковина над се

Додик: Оставката на Харадинај личи на фарса

Мајко: Харадинај поднесе оставка како вистински државник

Татјана Ташкова

Курти: Оставката на Харадинај требаше да се случи многу порано

Весели жали што „соборци се повикани“ од Специјалниот суд за воени злосторства