Тачи до Николиќ: Заканите за војна се неприфатливи

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи, на фБ регира на изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово.

Тачи вели дека „целите на Србија денес се идентични како оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години“.

„Косово е заинтересирано за дијалог и нормализирање на односите, а заканите за војна се неприфатливи“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој е задоволен поради избегнувањето тензии во политичката ситуација и безбедноста во земјата и регионот, спречувајќи го, како што напиша, илегалното влегување на српскиот пропаганден воз на територијата на Косово.

Косово, вели Тачи, го почитува слободното движење на луѓе и стоки и тоа го потврдило со отворањето нови гранични премини со соседите, но дека не може да толерира старо српско сценарио, според кое, за жал, додава тој, Белград презема кампања на провокации во континуитет.

„ Затоа, органите на редот и безбедноста презедоа мерки да се спречи заканата по интегритетот и суверететот на Република Косово од страна на властите на Србија“,посочува Тачи.

Тој се надева дека српските власти сфатиле оти нивното делување е незаконско и е во спротивност со духот на дијалог и соработка, кои се промовираат во регионот.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски