Косовскиот премиер Хашим Тачи даде поддршка за доаѓањето на првиот потпретседател на владата на Србија, Алекандар Вучиќ на северот на Косово, истакнувајќи дека неговото доаѓање е во функција за прифаќање на договорот на Србите, од северот на оваа покраина.
-Ова ангажирање е во рамки на олеснување и убедување на Србите од север, дека овој договор е единствено решение за нивната иднина. Поради тоа треба да дадеме поддршка на сите кои што може да влијаат и да ги убедат луѓето да го прифатат договорот-истакна Тачи.
Косовскиот премиер нагласи дека договорот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија, иако чекор по чекор, ќе биде остварен во целост.
Елена Георгиевска