Тачи бара нови резолуции за КиМ

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи на седницата на Советот за безбедност, при ОН побара усвојување на нови резолуции за Косово и завршување на мандатот на УНМИК.

Исто така Тачи истакна дека косовските институции се одлучни да го спроведат бриселскиот договор и дека очекуваат Белград да го исполни договореното.

-Очекуваме Србија да го исполни договореното и да ги убеди Србите на северот на Косово да го прифатат договорот. Двете држави мораа да направат компромиси, кои што се во интерес на сите граѓани на Косово-изјави тој.

Освтнувајќи се на безбедносната ситуација на Косово, Тачи нагласи дека во периодот во кој генералниот секретар на ОН се занимаваше со извештајот, немало ниту еден инцидент.

Премирот на Србија, Ивица Дачиќ нагласи дека Србија е цврсто решена да го затвори минатото, кое не може да се промени, но дека може да влијае на иднината.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска