Тачи апелира до Русија и Сирија да престанат со нападите врз турските сили

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи ги осуди нападите на сириските и руските сили врз турските единици во Идлиб, во Сирија, во кој загинаа 33 војници.

Тачи на Твитер синоќа ги повика Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во кризниот регион.

– Косово се поставува на страната на своите сојузници во НАТО во осудата на воздушните напади врз турските војници близу Идлиб, од страна на сирискиот режим и од Русија. Ги повикуваме Сирија и Русија да овозможат пристап на хуманитарната помош во областа, напиша Тачи.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика вчера Русија и Сирија да ја запрат офанзивата во Идлиб, порачувајќи дека Алијансата целосно се солидаризира со својата членка Турција, чии 33 војници загинаа при воздушните напади на сириските владини сили.

– Ги повикувам да ја запрат офанзивата, да го почитуваат меѓународното право и да ги поддржат напорите на Обединетите нации за мировно решение, порача Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов