Тачи: 12 јуни е роденденот на слободата на Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи на централната манифестација по повод 20-годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, изјави дека 12 јуни е „роденденот на слободата на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

– 12 јуни е во темелите на нашиот идентитет како граѓани, како народ, како Косово, како нераздвоен дел на Европа и Западот, рече Тачи на церемонијата на плоштадот „Скендербег“ во косовскиот главен град.

Косовскиот претседател порача дека „тоа што цивилизираниот свет, олицетворен во САД, Европската Унија и Северноатлантската алијанса, го направи во пролетта 1999 година, беше огромен и извонреден чекор“.

– Ние денес се гордееме со тоа што сме најпроамериканскиот, најпрозападниот и најпроевропскиот народ на овие простори. Слободата на Косово е заедничка вредност на сите нас, изјави Тачи.

На церемонијата во центарот на Приштина присуствуваа сите косовски лидери, повеќе гости од земјите сојузнички на Косово, како и голем број граѓани.

На денешен ден пред 20 години, околу 50 илјади припадници на копнените сили на НАТО почнаа да се распоредуваат во Косово, откако три дена претходно во Куманово беше потпишан Воено-техничкиот договор со Војската на тогашна СР Југославија и српската полиција, што го означи и крајот на 78-дневната воздушна кампања на НАТО против СР Југославија и повлекувањето на српските сили од Косово.

Девет години подоцна, во февруари 2008, Косово прогласи независност, која досега ја имаат признато околу 100 држави во светот.

Би можело да ве интересира

Германија со 500.000 евра помош за косовските безбедносни сили

Над 115 илјади Косовци годинава ќе гласаат по прв пат

А1он

Палмер: Новата влада во Приштина мора да биде подготвена да ги укине таксите

А1он

ВИДЕО: Децата во Албанија учат дека Косово е Србија

Меркел – Брнабиќ: Србија и Германија имаат само една точка на недоразбирање, а тоа е Косово

Хоџај: Пацоли го доведе во прашање признавањето на Косово