Светските медиуми: Пустош на Балкан по кобните поплави

Од:

Светските медиуми опширно известуваат за поплавите кои што го зафатија Балкан, со констатција дека водата полека се повлекува, но зад себе остава пустош и тешка задача за опоравување, кое Србија и БиХ ќе ги чини милијарди евра, а за кое двете држави немаат средства.

Агенцијата „Франс прес“ пренесе дека околу 150.000 евакуирани граѓани добиле „зелено светло“ да се вратат во домовите, кои што мораше да ги напуштат кога се излеа реката Сава и поплави делови во Србија, БиХ и Хрватска.

Француската агенција пишува дека бројот на жртви во најлошите поплави кои што го погодија Балкан, изнесува 51, но тој може да се зголеми доколку се пронајдат уште тела во уништените домови и фарми.

svlecisteBIH

Со оглед на темепературата која што се движи речиси до 30 степени, најголем предизвик е да се отстранат лешевите од удавените животни, пред да започнаат да шират зарази, пишува француската агенција и пренесува дека во Србија досега се остранети околу 200 тони животни.

Американската агенција „Асошиејтед прес“ заклучува дека опорувањето од рекордните поплави БиХ и Србија ќе ги чини милијарди. Агенцијата констатира дека како и поголем дел од Балкан, Србија е сиромашна држава, со економија која што не е целосно опоравена по војните и меѓународните санкции од 1990-те години.

Францускиот весник „Фигаро“ во опширна анализа наведува оцени на експерти, кои штетата од поплавите ја проценуваат на повеќе милијарди евра за Србија и неколку стотина милиони евра за Босна.

Е.Г.