Светска банка: БДП на Србија годинава ќе забележи пад од 2,5 проценти

Од:

Според најновиот извештај на Светската банка (СБ) падот на бруто-домашниот производ на Србија во 2020 годи ќе изнесува 2,5 отсто, додека економското закрепнување 2021 година ќе биде изразено со раст на БДП од четири отсто.

Прогнозата за регионот на Западен Балкан е дека БДП оваа година ќе биде помал од 3,2 отсто, додека економското закрепнување во регионот ќе има раст од 4,6 проценти.

За Северна Македонија, СБ прогнозира пад на БДП за оваа година од 2,1 отсто и економско закрепнување од 3,9 отсто следната година.

Прогнозата на Светска банка се заснова на верувањето дека довербата на потрошувачите и деловната доверба ќе бидат обновени, бидејќи влијанието на пандемијата на Ковид-19 ќе слабее, а политичката нестабилност ќе остане под контрола.

– Зголемувањето на фискалните обврски во регионот го намалија просторот за фискална поддршка и ја ослабија деловната клима, проценува СБ.

Во поглавјето посветено на Западен Балкан се наведува дека понатамошното заострување на глобалните услови за финансирање може значително да ги зголемат трошоците за сервисирање на долговите, а тоа претставува посебен ризик во земји со висок ниво на долгови или големи потреби за надворешно финансирање, пред се во Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Најголем економски пад во регионот на Западен Балкан во 2020 година е предвиден за Хрватска – 9,3 отсто, додека следната година растот на хрватската економија треба да биде 5,4 проценти.

Црна Гора оваа година ќе се соочи со пад на БДП од 5,6 проценти, а растот следната година би изнесувал 4,8 отсто.

Босна и Херцеговина ќе има пад на БДП од 3,2 отсто, додека следната година растот треба да достигне 3,4 проценти.

Падот на БДП на Албанија ќе достигне пет отсто оваа година, а закрепнувањето следната година ќе биде 8 проценти. Наведено е и дека епидемијата со Ковид-19, како и неодамнешниот земјотрес, негативно ќе влијаат на туризмот во Албанија.

Бугарија годинава ќе има пад на економијата од 6,2 проценти, а Романија за 5,7 отсто, додека предвидениот раст следната година е 4,3 проценти за Бугарија и 5,4 отсто за Романија.

Во својот најнов извештај, СБ прогнозира пад од 5,2 отсто на глобалниот БДП во 2020 година и долготрајна длабока рецесија што може да има трајни негативни ефекти врз помалите инвестиции, ерозијата на човечкиот капитал заради изгубените работни места и образованието, како и фрагментацијата на глобалната трговска поврзаност.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари