Светиот синод на ГПЦ: Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците

Од:

Литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко, соопштуваат од Светиот синод на Грчката православна црква, повикувајќи се на нивните одлуки од 28 јули испратени преку циркуларно писмо, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Објаснуваат дека конкретната препорака за одржување растојание и избегнување гужви е согласно со законската рамка за собири на отворено и додаваат дека ГПЦ продолжува да ја задржува истата одговорна позиција како кон свештенството така и кон верниците.

Од друга страна, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција вчера соопштија дека „по препораката од Светиот Синод на Грчката православна црква, во следниот период се откажуваа сите литии“.

По зголемениот број заразени со Ковид-19 во Грција, вниманието е насочено кон големиот христијански празник Пресвета Богородица, на 15 август што се слави со литии и собири во сите делови на државата

Би можело да ве интересира

РПЦ стравува дека Грција насилно ќе ги протера руските монаси од Света Гора

А1он

Грчката црква најави собири за Водици и покрај владината забрана

Жарко Настоски

Поглаварот на ГПЦ со благи симптоми на Ковид-19 пренесен во болница

Ана Ололовска

ГПЦ донираше специјална опрема за грчката војска на границата со Турција кај Еврос

А1он

На 17 мај црквите во Грција почнуваат со литургии за верниците

А1он

Светиот синод на ГПЦ: Причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести