Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници

Од:

Само со покани и само за поклонение, најмногу 15 верници дневно ќе можат да ги посетат манастирите во Света Гора од 1 јуни, кога по два и пол месеци делумно се укинува забраната за посети, објавија грчките медиуми.

Света Гора, според истите информации, ќе биде отворена, но само со издадени покани за верниците, за конкретни манастири, а за поклониците ќе биде забрането е движење од еден во друг манастири, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на летото, се очекува да има и дополнително ублажување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19.

Управните органи и Светата заедница на 19 март 2020 година одлучија, манастирите во Света Гора, да бидат затворени за посетителите и поклониците, прифаќајќи ја тогашната одлука на грчката Влада што се однесуваше на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски