Сведокот на одбраната во процесот против Ратко Младиќ во Хаг умрел од природна смрт

Од:

Доктор Душан Дуниќ, сведок на одбраната во процесот против генерал Ратко Младиќ во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, кој во четвртокот беше најден мртов во хотелската соба во Хаг, умрел од природна смрт, информира белградскиот весник „Политика“.

Веста е потврдена и со првичните резултати од аутопсијата, пишува весникот.

Сведокот Душан Дуниќ престојувал во Хаг, бидејќи како сведок на одбраната требало да даде изјава во процесот против Ратко Младиќ. Неговото тело било најдено од собарка во хотелот „Краун Плаза“ и претставник на трибуналот. Членовите на неговото семејство се сомневаа дека тој умрел од природна смрт и на нивно барање на аутопсијата присуствуваше, освен холандски, и српскиот патолог Ѓорѓе Алемпиевиќ, пишува „Политика“.

Експертот за судска медицина Душан Дуниќ од Србија се појави како сведок во неколку процеси што беа разгледувани од Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој приближно 16 години се криеше од правдата, на 26 мај 2011 година беше уапсен во Србија, а на 31 мај истата година му беше предаден на Меѓународниот трибунал во Хаг.

Процесот против него според обвиненијата за геноцид, за воени злосторства и за злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1991-1995 година, почна на 16 мај 2012 година. Главната точка од обвинението се однесува на масакрот во Сребреница, во кој силите под команда на Младиќ убија над 8.000 муслимански мажи и момчиња, што од Трибуналот во Хаг беше оценето како геноцид.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг

Ана Ололовска