Сведок на обвинителството во случај против Нетанјаху, и неговата сопруга загинаа во несреќата кај Самос

Од:

Израелски медиуми објавија денеска дека двете лица кои загинаа во авионската несреќа во близина на грчкиот остров Самос, се Хаим Гарон и неговата сопруга Ести. Според „Тајмс оф Израел“, Хаим Гарон беше заменик шеф на израелското Министерство за комуникации и сведок во случајот за корупција против поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

На Нетанјаху му се суди во три случаи за корупција познати како Случај 1000, Случај 2000 и Случај 4000. Во случај 4000, кој е најсериозен од трите, Нетанјаху се сомничи дека ги злоупотребил своите овластувања додека бил премиер и министер за комуникации од 2014 до 2017 година.

Во мај 2020 година, Гарон, адвокат по образование, зборуваше за Радио 103ФМ околу сведочењето што го даде на судењето против Нетанјаху и рече дека тоа е поврзано со развојот на оптичката инфраструктура, комуникациската индустрија и телефонските услуги во земјата. На прашањето дали некогаш бил сведок на каква било криминална активност во Министерството, Гарон одговори дека „судот е единствениот што може да утврди дали нешто е криминално или не“.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција соопшти дека приватниот авион „Цесна Ц182“ со двајца патници полетал вчера од израелскиот град Хаифа, а според доставениот план за летање требало кусо по 20 часот да слета на аеродромот на Самос, но непосредно пред слетувањето се загубила комуникацијата со контролата на летање и веднаш бил информиран Центарот за истрага и спасување.

Надлежните органи започнале спасувачка акција во морскиот дел јужно од аеродромот на островот за пронаоѓање на авионот и патниците, а крајбрежната служба ги пронашла и извлекла двете безживотни тела.

Би можело да ве интересира

Во Грција се враќаат некои антиковид мерки: Во супермаркетите ограничен бројот на луѓе

Ана Ололовска

Грчката поддршка за европерспективата на Македонија останува непроменета, но со исполнување на поставените услови

А1он

При влез во затворени објекти во Грција нема да се скенираат сертификатите од трети земји

А1он

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

Земјите од регионот се во тежок ковид бран, се воведуваат нови рестрикции

Катерина Павлова-Николовска

Дендиас: Независно од владите, договорите мора да се почитуваат

А1он