Свечља до Вучиќ: Ќе имаш тешки денови, недели, месеци…

Од:

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља му порача на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека ќе се соочи со сериозни проблеми во „остварувањето на неговите планови во однос на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на вчерашната изјава на Вучиќ дека на Србија „се настојува да му се одземе Косово, ама Србија нема да дозволи да му се одземе ни парче земја“, Свечља на неговата страница на Фејсбук напиша дека „стабилноста на територијата на Косово ќе продолжи да јакне уште повеќе од досега“.

Претседателот на Србија изјавата ја даде на одбележувањето на Денот на единството, слободата и знамето на Србија, додека косовскиот прв полицаец му порача дека ќе има „тешки денови, недели и месеци“ во оставрувањето на неговите намери.

Во синоќешното интервју за „Сири ТВ“, Свечља порача и дека многу бргу „редот и законот ќе завладеат“ во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, а кои, според него, се под притисок од Белград и од нелегланите структури кои се раководат од Вучиќ.

– Што се однесува до шовинистичките аспирации на Вучиќ во однос на Косово, јас можам да му ветам тешки денови, тешки недели, тешки месеци за него. Што се однесува до стабилноста на Косово, таа стабилност ќе продолжи да јакне. Редот и законот ќе завладеат уште повеќе и многу бргу ние ќе овозможиме на секој граѓанин од таа област да живее мирно“, изјави Свечља.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари