Свечља: 11-годишното девојче од Косово цела година било силувано

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља објави дека првите информации покажуваат дека 11-годишното девојче, кое беше силувано во текот на јуни и август годинава, било силувано многу подолго – повеќе од една година.

dobivaj vesti na viber

Свечља на денешната конференција рече дека побарал од шефот на косовскиот полициски инспекторат (ПИК) како сведоци да бидат повикани сите полицајци инволвирани во овој случај за да се разјасни што се случило.

Тој посочи дека одговорните институции не ја заштитиле жртвата, но изрази уверување дека сите пропусти ќе се утврдат, а одговорните ќе бидат казнети.

„Првите индиции или информации се дека оваа малолетничка е силувана повеќе од една година. Барањето го испратив директно до началникот на полицискиот инспекторат на Косово за да бидат повикани како сведоци сите инволвирани во овој случај, со цел институциите на Косово и јавноста да бидат соодветно информирани што се случило, што направиле институциите и што тие ќе направат. Исто така што поскоро да излеземе со наодите за овој исклучително тежок случај. Во овој случај се вклучени Обвинителството, Центрите за социјална работа, полицијата или Косовската агенција за форензика. Сите досегашни информации ни говорат за последователните неуспеси на надлежните институции прво да го заштитат овој малолетник, а потоа да го идентификуваат она што се случило, но и да ги идентификуваат сторителите, кои, за жал, се уште не се уапсени“, рече тој.

На 27 август пет лица, двајца возрасни и тројца малолетни, наводно извршиле сексуален напад врз 11-годишно девојче во период од седум часа.

Случајот предизвика огромни реакции. Подоцна беше откриено дека истото девојче било силувано и тргувано во јуни годинава.

А сега, според Свечља, има информации дека била силувана повеќе од една година.

Единаесетгодишното девојче моментално е во прифатилиште и е на лекување.

Би можело да ве интересира

Османи: Косово се координира со НАТО за целата своја територија

Ана Ололовска

Рама: Ќе дојде конечното признавање, Косово нема да чека колку што чекаше за независноста

Ана Ололовска

Курти: Да бидеме заедно почесто не само на прослави

Ана Ололовска

Вучевиќ: Ситуацијата на Косово и понатаму е тензична

Ана Ололовска

Во Тирана утре заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово

Ана Ололовска

Лајчак: Во тек е разговор со Петковиќ и Бислими

Ана Ололовска