Свечена велигденска литургија вечерва во грчките цркви

Од:

„Христос Воскресе“, се очекува денеска на полноќ да се слушне во грчките цркви за време на свечената велигденска литургија и светото бдение посветени на Воскресението.

Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден останаа затворени за верниците, Светиот синод на Грчката православна црква, на 2 април 2020 година, соопшти дека доколку помине опасноста од новиот коронавирус, тогаш ноќта меѓу 26 и 27 мај ќе се одржи свечена литургија за Воскресението, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, во циркуларното писмо од атинската Архиепископија, што било испратено до црквите и манастирите, вечерва свечената божествена литургија ќе биде иста како и во сабота на Велигден.

Во Соборниот храм во центарот на Атина, ќе чиноначалствува грчкиот Архиепископ Јеронимос и ќе биде доставен и Благодетниот оган, кој од Израел пристигна во Грција на 18 април годинава.

Согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри од 17 мај до 5 јуни 2020 година, литургиите во црквите во Грција се отворени за верниците,но под конкретни мерки и правила: контрола при влегувањето, одржување растојание од еден и пол метар, антисептик на влезот.

Дозволениот број верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни.

Доколку црквата е над 500 метри квадратни, дозволени се 50 лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски