Судот во Приштина го ослободи од притвор пратеникот Фатмир Лимај

Од:

Судот во Приштина го ослободи од притвор пратеникот Фатмир Лимај, поранешен командант од Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој е обвинет за воени злосторства извршени во село Клечка во март 1999 година.

Адвокатот на Лимај, Том Гаши изјави дека неговиот клиент е ослободен заедно со уште неколкумина други обвинети, поранешни членови на ОВК.

Судот оценил дека обвинетите не можат да влијаат врз текот на судскиот процес. Тие се обвинети за тортура и за убиство на српски и албански цивили во Клечка.

Лимај и уште деветмина обвинети беа судени за случајот во Клечка и добија ослободителна пресуда од првата инстанца од судот на ЕУЛЕКС, но во ноември Врховниот суд ја поништи ослободителната пресуда и нареди преразгледување на делото.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска