Судот одби привремено да ги ослободи Тачи, Селими, Весели и Красничи

Од:

Судијата на претходна постапка на Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг го одби барањето на адвокатите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи за привремено пуштање на слобода.

Истата одлука е донесена и по повод барањата на адвокатите на Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красничи, кои заедно со Тачи се обвинети за низа воени злосторства и злосторства против човештвото.

Нивните барања се одбиени со образложение дека постои опасност за нивно бегство, опструкција на постапката, влијание врз сведоци и изврршување на понатамошни кривични дела.

Адвокатите понудија гаранции дека обвинетите нема да побегнат и бараа замена на притворот со куќен притвор и други мерки.

Тачи, Селими, Весели и Красничи се упасени на почетокот на ноември минатата година.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он