Судир на хрватската левица

Од:

Независне новине – Бања Лука

Кога всушност се скараа Иво Јосиповиќ и Зоки Милановиќ?

Можеби тоа изгледа како неважно прашање, предмет на политичка археологија, но одговорот помага да се создаде суд за нивните подлабоки мотиви, па да се заклучи како тие ќе се однесуваат во иднина и кон што всушност се стремат…

Дали Јосиповиќ е навистина политички мртов? Ако и е, може ли да се врати во акција како зомби кој го нахраниле со мртовечка краставица? Да седи без работа на Плоштадот Маршал Тито, да свири на клавир, или преку пат во скриптаријата на Правниот факултет да пишува научни расправи, тоа некако не се поклопува со неговиот вистински темперамент. На прв поглед успорен и добоќуден, всушност тој е опасна политичка ѕверка..

Дали Милановиќ има намера до крај да ја уништи државата, како и партијате која веќе до сега толку убаво ја уништи? Ја турна земјата во рецесија зголемувајќи го државниот буџет без оглед на кризата. Ги упропасти даночните обврзници, а за да ја сокрие таа трагедија, покрена идејна војна околу моментно нерешените и неважни доктринарни прашања. Сека пак, почна да го руши економскиот систем со напади на финансиските институции и гувернерот на Народната банка, загрозувајќи ги и самите темели на слабиот хрватски капитализам.

Дипломатски изолирана, Хрватска се чини конечно целосно ќе ги напушти рамките на Европската унија и ќе и се придружи на Грција. СДП е хрватска Сириза и сега уште само треба да се преземе Уставниот суд па да се озакони преминот од пазарна економија на диктатура на идиотизмот…

Во тоа може да учествува и Иво Јосиповиќ, кој е невработен и сигурно не би имал ништо против да стане претседател на Уставниот суд.

Оваа година се испразнуваат шест судиски места па наместо мнозинство кое сега дискретно го контролира Шекс, пресудно влијание може да стекне Милановиќ ако ги пласира своите пријатели и идејни сојузници, од Синиша Петровиќ до Јосиповиќ и Бајиќ. Нивна задача би била да го зачуваат наследството на власта на СДП, да ја заштитат удбашката кабала и да ги охрабрат уличните леви демагози, така да сите економски проблеми станат нерешливи, па да се испорачаат на следната власт.

Како член или претседател на Уставниот суд, Јосиповиќ притоа би добил имунитет од судско гонење кое може да го преземе ХДЗ ако дојде на власт и почне да го истражува ЗАМП. Поради тоа Иво и Зоки сега можат да ја закопаат воената секира…

Откако „Бикот кој седи“, поглавицата на постокомунистичкиот лев естаблишмент ги изгуби изборите и го напушти вигвамот на Пантовчак, каде градеше свој авторитет, племето се најде растурено… Кој сега може да ја обедини додекафонската мафија, влијанието на градската политика во Загреб, ултралевичарите во Министерството за култура и во здруженијата на граѓанското општество со партиската бирократија на СДП? Иво беше кадар да работи и со Господ и со ѓаволот, па политички оперираше од Каптол до мостарското безбедно место на Бранимир Главаш, додека Милановиќ наместо да собира, тој единствено е способен сите да ги раскара и да ги растури. Ако Милановиќ беше Вуди Ален, сега ќе имавме слика од флешбекот:

Малиот Зо растура секаква врска во домот, додека неговиот постар поприбран брат Крешо собира од патосот ситниш од некој скршен ќуп…
Но, каков и да бил, „Лудиот Коњ“, воениот поглавар на СДП има силна енергија, агилен е и жилав политичар. Служејќи се со секакви средства ги победува соперниците, додека за Јосиповиќ не може со сигурност да се знае дали функционира без 100 хектари парк со фауна. Првиот гардиски столб, на цивилната и воената разузнавачка служба и удбашките третокласирани кои повеќе од 20 години не се даваат од Пантовчак… Впрочем, дали точно свативме што воопшто биле амбициите на Јосиповиќ освен да се задржи на претседателското брдо над Загреб?

Објави дека има намера да покрене уставни реформи и да ги зголеми своите овластувања, како и да преземе именување на судиите на Уставниот суд. Почна истовремено да создава сопствена политичка мрежа – имаше свои луѓе во СДП, се договори со Бандиќ и се обиде истото да го постигне со останатите локални шерифи, без оглед на нивните политички насоки и идеологија. Сакаше да се туѓманизира, но во тоа го спречија туѓманистите. Околу тоа всушност се судри со Милановиќ, а токму тоа и доведе до негов пораз на претседателските избори.

Да му помагаше во Загреб Бандиќ, а сакаше, да најавеше поддршка и веднаш да завршеше во игра, сигурно ќе победеше! Поради тоа нема сомнеж дека Зоки даде или одобри Милан да се одработи, бидејќи тоа не можеше да го одлучи или да го спроведе самиот Ранко Остојиќ; во есдепеовскиот персонален режим тој има помала улога од Бери и Сталин… Ранко нема никаква сопствена политичка специфична тежина, дури не поимина за Претседателството на тајните избори во сопствената партија. Кога ќе му истече мандатот може мирно да се врати на трговијата со риба на мало и големо. И да се надева дека Уставниот суд во нов состав конечно ќе го ослободи од одговорноста за приватизацијата на „Слободна Далмација“, каде беше директор, бидејќи дилот за преземање го договорија Павиќ и Санадер…

Кога всушнот пукнаа Иво и Зоки? Да видиме наназад, тоа беше кога Милановиќ го смени Линиќ. Иво имено се поврза со тој тогашен министер за финансии во кој есдепеовците најдоа шеф на внатрешната опозиција, мислејќи дека Милановиќ него ќе го смени и тргне, бидејќи сеуште слабо го познавале својот воен поглавица! Сето тоа се случуваше по падот на Чачиќ, Славко почна да ги презема ресорите на ХНС, го отвори ХЕП и се обиде да ја затвори комбинацијата со ДИОК, во што клучна улога имаа неговиот пријател Језиќ и корумпираната управа на кутинска „Петрохемија“. Што беше многу популарно во партијата, бидејќи на СДП-овците им ветуваше места во јавни компании кои би ги приграбиле момците од ХНС.

Но, се покажа, тоа беше и премногу популарно: Зо веднаш сфати дека Иво и Славко му коваат позади грб, и дека им приоѓа на партиските старокомуњари на кои им се допаѓа фундаменталистички пристап ба Линиќ на економската проблематика. Беше тоа блиско на сите припадници на номенклатурата загрозени од Милановиќевите младотурци, кои тој ги одбра за министри. Ги зимаше на конец додека крстареше по злосреќната хрватска провинција и од лозје до лозје бараше луѓе по свој терк…

Весниците пишуваа дека само Линиќ работи и притоа единствено само тој знае што прави, бидејќи се спротивставува на банките и го штити малиот човек. Во тоа предначеше Нови лист, весник на ријечката фракција на СДП.

Најлошата дупка во Европа, последна комунистичка метропола меѓу Пјонгјанг и Хавана (каде режимот сепак малку се либерализира), сега требаше да стане чист извор на политичка мудрост која Хрватска ќе ја однесе во благосостојба. А на целиот Јадран, и вооошто на европскиот Медитеранм Ријека е едниствен град кој пропаѓа, црногорскиот Тиват стана монденски центар, а во Фјума пристаништето е полно со бродови претворени во биртии од кои навечер се слуша неподносливо рикање на цајкашки песни…

Линиќ и да беше лажен пророк, тој стана многу популарен во левите кругови. Зо одлучи да го уништи, па „Јутарњи“ му откри гадна афера на неговиот соработник и неразделен пријател Шегон. Милановиќ го викна Линиќ и му нареди од тој човек веднаш да се тргне, на што Славко се согласи, но веднаш потоа го повлече ветувањето: Не можам, тоа едноставно не можам! Потоа на премиерот се јавија тројца министри кои му порачаа да оди со ѓон на Линиќ. Зоки веднаш се поврза – заклучи дека неговата неформална шефица на кабинетот, доброволката Зинка Бардиќ, не работи само зе него и „Икеа“, туку и за Линиќ, па дека ја одбрала страната на Славко и ги дигна жените на Јосиповиќ како Миранда Мрсиќ. Зоки на Зинко веднаш му подметна копито и така се распадна идиличниот Фред Астер-Џинџер Роџерс – Зо и Зи уиграната двојка на румба, политички толку интимна, што ни сопругата на Милановиќ повеќе не беше сигурна дали треба да биде љубоморна или не.

– Погрешно е да се поставува прашањето зошто јас таа неписмена (бип-бип) ја отпуштив по шест години, туку треба да се праша зошто толку долго ја трпев, рече Зо коментирајќи го писмото кое тогаш му го пратила Зи, со многу обвиненија и правописни грешки. – Ме импонираше нејзината енергија, самиот веднаш образложи бидејќи во секој разговор мора да се постават сите прашања и да се дадат одговори; таков е човекот, со темперамент на својата алкарска постјбина, каде луѓето се толку поврзани со расни коњи, па често ги попримаат нивните ментални карактеристики.

А кога ќе земеш во Бански двори, се се претвори во тешка драма. Како Бардиќ работела за ПР компанијата „Мадисон“ на СДП, а кај Зоки волонтирала, не можела ни формално да влезе во владиниот кабинет, па на местото портпаролка инсистирала младата Ивана Грљак, како Твитер кој ќе го прати нејзиниот вуфер за подобар стереофонски звук. Кога одлетала Зринка, морала да лета и Ивана. Зо го викнал шефот на кабинетот, Саучу едно посебно паметено, згодно момче, припадник на СДП-ската златна младост.

На почетокот на мандатот Милановиќ од ранг на загрпески собраниски безработник го унапреди во чин на заменик министер, хонорирајќи му ги заслугите на носењето на акт чантата на претседателот на партијата. Сега му рече: Гледај, не знам дали има нешто меѓу тебе и Ивана, како што се збори, но тоа не ме интересира, но не ми одговара двајцата да останете во кабинетот – договорете се кој ќе си оди! Сауча не размислувал многу. Заклучив – му рекол, – ќе си оди таа.

Така Грљак добила копито па соочена со двојната загуба, паднала во длабока депресија и цела недела закрепнувала во бањи, каде Зи и правела друштво. Така Зоки ефикасно ја избркал цела превратничка келија, Линиќ и неговите швалерки, а Иво, горе на ридот, седеше немоќен и изгледаше речиси смешно, што во политиката речиси е фатално, бидејќи моќта се темели на располагањето со сила. Како што е плашлив Јосиповиќ, а истовремено и реалист, повеќе никогаш не се одлучи отворено да се спротивстави на Зоки, а не се одлучиле ни партиските функционери.

Сите си мислеа: ако „Лудиот Коњ“ толку безобразно ја избрка Ива, ја прегалопираше преку Славко и како последна слугинка ја избрка Зинка, која претходно ја користеше место мозок, што ли мене мала и незаштитена ќе ми се случи ако зинам и останам без плата и без убавиот А6 со кожни седишта?

Само одржувањето на таа лимузина чини 600.000 куни годишно (вклучувајќи го шоферот), а нема сигурно пак да се возикам во оној мал стар крамп кој поминал повеќе километри од Маринер на мисија за Јупитер?

Значи Милановиќ сите ги сотре набрзина, а Јосиповиќ го осами, па тој конечно се скрши под товарот на амбициите и туѓите очекувања… Во медиумите и социјалната паранормална сфера, каде се укажуваат авети од минатото, тој и понатаму има значаен авторитет, но забрзано го губи. Хрватското општество созреа и напредува во пропаста, моќта повеќе не може да се акумилира надвор од видливата политичка свера. Сите илузии се губат во еден изборен циклус. Кој нема одржлива партија па преку неа да партиципира во распределбата на моќта, може да се вклучи само ако располага со пари, или зад себе има банка, некоја корпорација, но тие повеќе не влегуваат во спрега со политичките лобија.

Политичарите не можат да му обезбедат повластена пазарна позиција на некој монопол. Се оди по правила кои ги диктира Брисел и не постои заштита од конкуренција на странските фирми, кои не се занимаваат со домашните кокошарници и нивните ситни сметки. Да се измени таа состојба, потребно е прво општеството да се бутне во хаос и државата која дипломатски е изолирана, целосно да се исклучи до Европската унија. Милановиќ и Јосиповиќ ќе се обидат тоа да го постигнат, но не се знае дали имаат доволно сили тоа да го остварат. Останаа и без медиуми.

Презадолжен и исфрлен од зградата на ХИП во Коранска, Павиќ додуша почна нов медиумски бизнис во просториите на пријателот на Јосиповиќ, Војковиќ, сопственик на ЗАМП. Да победеше Иво, би го поддржувал пркосејќи му на Зоки, бидејќи тој го остави на цедило па го загуби Јутарњи, но во сегашна констелација, сите тие губитници едни на други ќе си бидат потребни. Само што тука има многу малку пари, а тие навикнаа на милиони…

Во слична состојба, покојниот Пуки можеше барем да се потпре на подземејто, но угледните криминалци нема да влезат на орото со овие потрошени ликови. Фирмите на Павиќ должат милијарди за недвижнини, а ни Кутле, колку што се знае, не успеа да ја наплати својата половина од заедничкиот медиумски бизнис…

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег