Судењето на Тачи ќе почне најрано во август следната година

Од:

Судскиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи и тројца ко-обвинети за злосторства против Албанци, Роми и Срби во Косово и Албанија, 1998-1999 година, нема да започне пред судот за злосторства на ОВК во Хаг пред август 2021 година.

Ова произлегува од денешната наредба на судијата на претходна постапка Никола Гију, кој го закажа второто рочиште за состојбата во оваа постапка за четврток, 17 декември.

Судијата Гију посочи дека една од темите на таа дискусија ќе биде процесот на откривање на доказите на обвинителството пред одбраната на обвинетиот „кои, според распоредот на работата, ќе продолжат до јули 2021 година“.

Бидејќи судијата мора да им даде на адвокатите на одбраната доволно време да ги проучат доказите што ги добиваат од обвинителите, следува дека судењето може да започне веќе во август следната година.

Тачи, (52), е обвинет, заедно со Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, за злосторства извршени помеѓу март 1998 и септември 1999 година во 34 илегални притвори на ОВК во Косово и Албанија против најмалку 407 приведени, од кои најмалку 98 беа убиени.

Обвинението ги товари Тачи и другите за 10 точки: прогон врз политичка и етничка основа, затвор, незаконско апсење и притвор, други нехумани дела, суров третман, тортура (две точки) и убиство (две точки). Овие злосторства се квалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото и во четири точки, како воени злосторства.

Би можело да ве интересира

КФОР пристигна во Јариње: Бројот на рутински патроли е зголемен низ цело Косово

Ана Ололовска

Стано: Во Брисел пристигнуваат главните преговарачи на Белград и Приштина, како и Ескобар

Ана Ололовска

Брнабиќ: ЕУ не прави ништо по прашањето за Косово

Ана Ололовска

Рама во Приштина: Косово е во право за реципроцитетот, Србија изведува театрални маневри

Ана Ололовска

Српската војска во прв степен на подготвеност

А1он

Борел повика на итна деескалација на северот на Косово

А1он