Суд во БиХ одлучи дека Мамиќ нема да биде испорачан во Хрватска

Од:

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина донесе конечна одлука да не го екстрадира Здравко Мамиќ во Хрватска, тврдејќи дека законските услови за тоа не се исполнети, објави денеска судот.

Во соопштението објавено на веб-страницата на таа судска институција се вели дека Апелациониот совет ја потврдил првостепената одлука на Судот на БиХ од 29 август годинава.

Хрватска поведе кривична постапка против Мамиќ, кој има и државјанство на БиХ, пред окружниот суд во Осиек под обвинение за сторено кривично дело „криминално здружување и злоупотреба на деловната доверба“.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски