Студентски протест во Приштина поради неформирање на владата

Од:

Група студенти од Приштинскиот универзитет се собраа денеска пред Собранието на Косово на протест поради тоа што, и по повеќе од три месеци од одржувањето на вонредните парламентарни избори во земјата, се уште не е формирана новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Под мотото „Доста играте со овој народ“, кое го запишаа со боја пред влезот во дворот на Собранието, студентите побараа од партиите победнички на изборите, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), да и надминат личните интереси и „да помислат и на граѓаните“.

Претставник на студентите порача дека ваквите политички игри, неформирањето на институциите и политичкиот грч во кој живее државата, ги тераат младите да ја искористат првата прилика за да ја напуштат државата.

– Не гледаме напредок во ниедна сфера. Ни предизвикуваат главоболки со нивните игри за власт. Деградирано е образованието, економијата, политиката… Ние ќе побегнеме веднаш штом се квалификуваме, класата на добри луѓе ќе побегне, порача во своето обраќање студентот Беким Ибиши, најавувајќи дека протестите ќе продолжат и во иднина, а политичарите ќе бидат навредувани и исвиркувани секаде каде што ќе бидат видени поради тоа што не работат.

Изборите во Косово се одржаа на 6 октомври и од тогаш досега опозициските партии ВВ и ЛДК не успеваат да се договорат за формирање влада, поради несогласувања околу поделбата на функциите.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски