Студентите во Белград продолжуваат со протести

Од:

Студентите во Белград денеска ги продолжија протестите пред платото на Филозофскиот факултет со барање да се повлече одлуката за затворање на студентските домови.

На студентите им се обрати ректорката на Универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ.

Од Филозофскиот факултет, студентите планираат да се упатат кон зградата на Владата на Србија.

Еден од студентските претставници Марко Радовиќ истакна дека по најавата на министерот за образование, Младен Шарчевиќ, дека студентите ќе останат во домовите, тие бараат да им биде прецизирано дали тоа значи дека ќе можат да останат само за време на јулскиот испитен рок, бидејќи тоа за нив е неприфатливо.

Едно од барањата на студентите е да се овозможи дополнителен испитен рок за оние кои поради коронавирусот не можеле навреме да полагаат испити, но и уште еден рок за сите студенти поради целокупната ситуација.

Студентите, исто така, бараат да им се овозможи бесплатно тестирање на Ковид-19 и лекување на заразените.

Тие бараат и претставниците на студентите во организациите, како што Студентскиот парламент, да поднесат оставка, бидејќи не ги застапуваат на вистински начин.

Доколку овие барања не бидат прифатени во скоро време, Радовиќ изјави дека студентите ќе бидат принудени да постават уште едно барање, а тоа е бесплатна школарина за следната година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило