Студентите најавија дека ќе ја радикализираат блокадата на Ректоратот

Од:

Ректорката на универзитетот во Белград, Иванка Поповиќ, утрово влезе во зградата на Ректоратот, кој е под блокада, каде околу два часа разговараше со студентите, а потоа не даде изјави.

Но затоа активистката на здружението „1 од 5 милиони“ и една од студентите кои го блокираат Ректоратот на Белградскиот универзитет (БУ), Мила Јовановиќ, по разговорите изјави дека блокадата на институцијата ќе биде радикализирана доколку не биде исполнето нивното барање ректорката Иванка Поповиќ да и даде препорака на премиерката Ана Брнабиќ да го разреши министерот за финансии Синиша Мали.

Таа не сакаше да зборува за тоа на кој начин ќе се радикализира блокадата.

Јовановиќ нагласи дека работата на Ректоратот зависи директно од Министерството за финансии и дека затоа постои судир на интереси.

– Доколку ректорката се вклучи во дневникот на РТС и ја даде оваа препорака, ние ќе ја напуштиме зградата во рок од пет минути, рече таа.

За време на прес-конференцијата пред зградата на Ректоратот, Јовановиќ истакна дека постои уште еден начин да се прекине блокадата на Ректоратот, додавајќи дека тие за тоа ја известиле ректорката, но одби да каже за што станува збор, додавајќи дека новинарите за ова можат да ја прашаат ректорката.

Јовановиќ рече дека денешните разговори со ректорката Поповиќ не биле преговори туку разговори.

– За време на разговорите, таа ни понуди„ компромис“ кој е навредлив за нас, рече Јовановиќ, додавјќи дека ректорката им понудила на активистите посебни простории во Ректоратот каде што би можеле да бидат со цел да се прекине блокадата на таа институција.

Јовановиќ го повтори барањата дека услов за почеток на преговорите е БУ јавно да ги осуди инцидентите што се случија во петокот во таа зграда.

– Кога упадот на членовите на Српската напредна партија во Ректоратот јавно ќе се осуди, ние ќе се согласиме на преговори, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати